Сторија на „
Вечерње новости“ за Никола Илиќ - градениот инженер од Ниш, кој дипломирал пред 11 години со просечна оценка од 9,27. Се`уште е невработен.
Иако поседува знаење и вештини за проектирање и пресметки за градежна конструкција, и тоа го работи речиси совршено, иако може да ги изработува сите видови на конструкции, од армиран до пренапрегнат бетон, од челични до дрвени и висечки конструкции, Илиќ во моментов изработува настрешници и мали објекти, се разбира во рамките на техничката регулатива и прописи.
„Бев горд кога академскиот совет на градежниот факултет ме наградуваше за натпросечните резултати, за најдобрата просечна оценка во текот на третата, четвртата и петтата година од студиите и како најдобар дипломиран студент. Како еден од 500-те најдобри од универзитетот во Србија, добив еднократна стипендија од Амбасадата на Кралството Норвешка. И понатаму сметаат дека домашната индустрија е вредна и никогаш не сум бил заинтересиран за понудените работни места во странство, но во Србија, едноставно, за мене нема работа“, вели Никола.
Додава дека своето CV го доставил до над 1000 различни адреси. Работел во неколку компании на договор за одредено време и во екстремни услови.
„За време на вонредни ситуации прифаќав вработувања кои од мене бараа да работам на минус 20 степени, бидејќи никој друг не сака да смрзнува на градилиште. Работев во зимски услови и во Казнено поправниот завод во Ниш, каде што ризикот е поголем. Беа презадоволни од мене и побараа од надлежното министерство да ме примат и да се реализира работен однос, но одговорот беше негативен, бидејќи на сила е стапена забраната за прием во државните институции“, вели Никола.
Никола не може да добие ниту лиценца, бидејќи има само една година работен стаж. Кога би имал две години работен стаж, би можел да го полага државниот испит и да стане член на Инженерската комора на Србија, па да аплицира за лиценца во наредната година. Всушност, би можел да стекне лиценца за одговорен проектант и одговорен изведувач на работите.