X
 31.08.2018 Наука

Под Арктичкиот Океан има темпирана бомба

Арктикот не е во добра состојба. Неговиот најстар лед се крши, чудни езера го нарушуваат неговиот пејзаж, а хемискиот состав на неговата вода се менува.

Нештата може да станат уште полоши. Ново истражување открива докази за голем резервоар со топла вода кој се создава под Арктичкиот Океан и пенетрира длабоко во срцето на поларниот регион, каде што се заканува да топи лед од површината. И тоа голем дел од него.

- Документираме забележително затоплување на океанот во еден од главните басени на внатрешниот Арктички Океан, Канадскиот басен - објаснува океанографот Мери Луис Тимерманс од Универзитетот „Јејл“.

Тимерманс и нејзиниот тим ги анализирале податоците за температурата на Канадскиот басен измерена во текот на изминатите 30 години и утврдиле дека температурата на најтоплиот дел од водата ефективно се дуплирала во периодот од 1987 до 2017 година.

Басенот е составен од измешани слоеви на океанска вода, со ладна и свежа вода на површината, наоѓајќи се над тело од потопол, посолен океан заробен под неа.


Фото: Science Alert

Таа динамика не е од скоро, но научниците се загрижени поради брзото затоплување на потоплиот резервоар подолу.

- Моментално оваа топлина е заробена под површинскиот слој. Ако се измеша со површината, има доволно топлина целосно да го стопи ледот кој го покрива овој регион во поголемиот дел од годината - истакнува Тимерманс.

Според истражувачите, потоплите потонати води „архивирале“ топлина поради „аномалното сончево затоплување“ на површинските води во северното Чукотско Море, кое го храни Канадскиот басен.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука