Научници од Јужноафриканската Република предлагаат да се пуштат мали честички во горниот дел од атмосферата кои би ја рефлектирале сончевата светлина и би ги намалиле температурите на површината на Земјата.
Станува збор за контроверзен план, но разорните суши во Кејптаун и во остатокот од државата може да доведат до недостиг на вода за пиење. Според предлогот, во стратосферата би се ослободиле аеросоли на сулфур диоксид, со што би се намалиле сушите до крајот на векот за околу 90%, се вели во истражување спроведено на Универзитетот на Кејптаун.
Според истражувањето, ослободувањето на рефлектирачките честички во атмосферата би ги задржало сегашните температури.
Сепак, дури и кога ова би функционирало, овие аеросоли не би сториле ништо за да ги намалат климатските промени и само би маскирале еден од ефектите на климатските промени врз планетата. Освен тоа, ваквата мисија би можела да предизвика и меѓународни конфликти и други проблеми.
Автор: Ден Робитски
Извор:
futurism.com
Насловна фотографија: Pixabay