X
 03.11.2018 Живот

Во Њујорк поставен штанд за делење весници со лажни вести

Од Списанието „Колумбија Џурнализам Ривју“ (ЦЈР), издадено од страна на Школата за новинарство при Универзитетот „Колумбија“, поставија штанд во Њујорк, каде што се изложени весници со „лажни вести“.

Уредувачите на списанието на овој начин сакаат да привлечат внимание на прашањето околу „лажните вести“ за кои во текот на последните денови се води жестока дебата меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и опозициските медиуми како Си-ен-ен.

По тој повод, од ЦЈР поставија штанд во парк на Менхетен, каде што беа изложени дневни весници и списанија со лажни вести објавени на интернет.

Проектот беше наречен „Дезинформациски штанд“ за да се испрати порака за тоа колку штета нанесуваат лажните вести на новинарските принципи на точност и веродостојност.

На насловните страници на весниците и списанијата што беа изложени на штандот се напишани лажни вести пронајдени на социјалните мрежи, додека на внатрешните страници има информации за тоа како да се препознаат лажни вести. Весниците и списанијата од штандот бесплатно им беа поделени на граѓаните.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот