X
 04.10.2017 Живот

Зошто Мадрид не дозволува отцепување на Каталонија?

мадрид

Доколку Каталонија се отцепи од Шпанија, шпанската економија веројатно ќе претрпи многу. Шпанскиот јавен долг изнесува нешто повеќе од милијарда евра, додека Каталонија е ниско задолжена.

Сценаријата за болното отцепување на Каталонија ги претстави Алфонс Тена Лопез, поранешен претставник во каталонскиот парламент.

Тој вели дека е тешко да се работи на хипотетичките сценарија за иднината, но и дека влијанието на економијата на двете страни ќе биде значајно ако дојде до независност на Каталонија.

Лопез за почеток грубо ги споредува економиите на двете земји. Каталонија претставува една петтина од вкупната економија на Шпанија и скоро шестина од вкупното население.

Каталонското ВДП изнесуваше 209 милијарди евра, додека останатиот дел од Шпанија имаше учинок од 849 милиони евра. Притоа Каталонците се малку побогати - по глава годишно имаат 28,200 евра, додека Шпанците имаат 21.750 евра. Покрај тоа, Каталонија малку го надминува просекот на ЕУ, додека Шпанија е под просекот.

Каталонија има и важен удел во вкупниот шпански извоз со дури 60 милијарди евра годишен извоз. Бројките со кои располага „Бизнис Инсајдер“ не се прецизни бидејќи не кажуваат колку каталонски и шпански извоз точно паѓа на меѓусебната трговија.

Лопез претсавува три најреални сценарија: мирен развод, во кој независноста на Каталонија се договара со Шпанија, еднострано прогласување на независност на Каталонија, и тие остануваат во ЕУ и еднострано прогласување на каталонска независност и таа не останува член на ЕУ.

1. Идеално сценарио: Договорена независност


Во првото сценарио, Шпанија ја признава независна Каталонија, таа станува членка на ЕУ, влегува во ОН и сите меѓународни организации и ги презема сите права и обврски што произлегуваат од постоечките договори.

Ова значи дека ништо значајно не би се случило во економска смисла. Каталонија ќе има сопствен буџет (околу 16 милијарди евра) и Шпанија не би можела да го користи, со што би изгубила околу 2 отсто од БДП на годишно ниво.

2. Каталонија прогласува независност, влегува во ЕУ


Доколку Каталонија прогласи независност без согласност од Мадрид, Шпанците би можеле да ја исфрлат од заедничкиот европски пазар и еврозоната. Но тоа практично е невозможна мисија бидејќи за да се случи ова, треба да се согласат сите 28 земји-членки.

Во овој случај, Каталонците губат. Нивните жители би можеле да заборават на пензиите што ги добиваат од шпанскиот буџет, но Каталонија од друга страна може да ги заземе шпанските имоти на својата територија, да ги продаде и да исплати пензии од сопствените даноци.

Главното влијание би се почувствувале на долг рок. Шпанија сама би морала да го врати долгот од милијарда евра со помал БДП. Каталонскиот долг е само 64 милијарди евра, од кои 60 отсто ги држи Шпанија.

3. Каталонија исфрлена од европскиот пазар - војна

Ако, за некое чудо, Шпанија успее да ја избрка Каталонија од ЕУ и еврозоната, не би било потребно многу време за Каталонија „да се најде на колена“. Проценките велат дека 60 отсто од своите производи Каталонците им ги продаваат на Шпанците. Во трговската војна, Барселона брзо би се нашла под притисок од царината што би ја направиле неконкурентна.

Покрај тоа, Шпанија би можела да договори блокади на патиштата, па така и едната и другата земја да се најдат во незавидна положба - затоа и каталонската независност е игра за луѓе со силни нерви од двете страни. Кој прв мрдне, губи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот