Ако на детето му забраните да користи омилени предмети затоа што донело единица дома немојте да се чудите ако за еден месец ве повикаат на училиште бидејќи вашето дете зема предмети што им припаѓаат на другите деца.
Истражувачите од Универзитетот Мисури испитуваа 1000 возрасни млади луѓе со цел утврдување кој систем го пременуваат современите родители кога станува збор за воспитувањето на децата. Се утврди дека голем дел од испитаниците за воспитувањето на децата се служат со материјални стимуланси.
Тоа значи дека ако сакаат да му изразат грижа и љубов спрема детето, најчесто му купуваат некој подарок. Ако сакаат да го казнат детето му забрануваат да користи некои предмети. Доколку сака да научи некои правила и должности скоро секогаш користат материјални стимули, пари или ветување дека ќе го добие тој и тој уред.
Резултатите од ова интересно истражување се објавени во списанието
„Consumer Research“.
Научниците дошле до заклучок дека се поголем број на млади мајки и татковци ги стимулираат децата со пари или предмети. Ако детето го намести креветот, добива сладолед, ако има добри оценки добива „iPhone“ за полугодие, ако помага во куќните работи добива нови фармерки.
На прв поглед делува во ред, од една страна детето учи дека парите и подароците во неговиот живот нема да доаѓаат толку лесно, а од друга страна имаат постојана стимулација да станат подобри.
Меѓутоа истражувањето покажа дека овој пристап вклучува најмалку два недостатоци. Прво, материјалните подароци не ги прават децата среќни. Ова е потврдено од страна на последователните истражувања. Второ, децата кои уште од детството имаат таков третман учат себе и другите да ги оценуваат врз основа на материјалните добра со кои располагаат. Ако на детето му плаќате за неговото примерно однесување тоа на потсвесно ниво несвесно ќе почне да се однесува лошо кон оние деца кои немаат играчки како неговите.
Ова објаснува многу работи, зарем не? Дали некогаш сте се запрашале зошто учениците во пониските одделенија ги малтретираат децата кои на пример немаат мобилен телефон? Или зошто соучениците ги задеваат послабите од нив, со одземање на нивните пари и играчки?
Истото важи и за обратната стимулација. Ако на детето му забраните да ги користи омилените нешта затоа што донесе дома единица, немојте да бидете изненадени ако за еден месец ве повикаат на училиште затоа што вашето дете ги зема работите на другите деца.
Најлошо од се е дека ќе има долгорочен ефект од таквото воспитување. Кога овие деца ќе пораснат тие цврсто ќе го поврзуваат социјалниот успех со предметите со кои располагаат.
Американската психолошка асоцијација напоменува дека луѓето кои моќта врз материјалните нешта ги поврзуваат со социјалниот статус, всушност никогаш не се среќни. Истражувањето покажува дека тие често добиваат трауми, страдат од депресија и осаменост, имаат серија проблеми во односите со партнерот.
Постои само еден начин своето дете да го спасите од таквите „радости“: поминувајте со нив повеќе време. И наместо материјални подароци подарувајте му нови искуства и впечатоци. Следниот пат кога вашето дека ќе донесе петка по математика или без потсетување од мама наутро го намести креветот немојте да му купувате играчка. Одведете го во парк или погледајте го заедно неговиот омилен филм.