X
 17.12.2016 Живот

Српска медицинска сестра раскажува за работењето во Германија

клиника

 

Се' е поголем бројот на луѓе од нашата земја, но и Балканот кои се обидуваат да си ја најдат среќата и некој денар плус во Германија. Една од нив за страната „DW“ го споделува своето искуство поврзано со работата во Германија и животот кој го стекнала таму.


Уште од 19 години Србинката Даниела Трајковиќ работела по клиники и одделенија за итна помош во Ниш, а нејзината плата изнесувала не повеќе од стотина евра. За работа во Германија се одлучила бидејќи како самохрана мајка на две студентки, немала друг излез.

Како што вели таа, на почеток се сомневала дека ќе го научи јазикот со оглед на нејзините години. За среќа, го положила тестот и преку германска приватна агенција за посредување, успеала да најде работа на Универзитетската клиника во Росток. Агенцијата не ѝ наплатила за ништо, дури и ѝ ги платила часовите по германски јазик.

„На 16 ноември веќе бев во Германија“, вели Даниела.

Од Универзитетската клиника во Росток за неа имаат само пофални зборови. Таа е првата Србинка која е дел од медицинскиот персонал, а како што вели нејзината шефица, Анет Лабан Даниела веднаш била прифатена, со оглед на нејзиното искуство и нејзината љубезност кон сите.

„Моментално јазикот е најголема пречка, но се фокусираме на него“, додава нејзината шефица.

Доколку работите одат како што треба Даниела за 6 месеци ќе го совлада нивото Б2, и ќе го положи испитот неопходен за целосно признавање на нејзината диплома, со што ќе добие постојан одговор.

Даниела вели дека постои огромна разлика меѓу работењето во Србија и Германија. Во Србија работела четири работни места истовремено, додека во Германија работите се доста различни.

„Во Србија се чувствував како потрошен материјал, а тука се чувствувам како човек“, вели таа. Зема плата од 1.700 евра, а откако ќе го положи испитот таа ќе биде поголема, додека нејзината желба на која моментално работи е да си ги донесе децата во Германија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот