01.07.2019
Здравје
Галичник во летниот период добива патронажна служба од лекар и медицинска сестра
Галичник од 5 јули добива патронажна служба составена од лекар и медицинска сестра, информираат од Министерството за здравство.
- Во наредните 3 месеци, па сè до крајот на летната сезона, овој мобилен сервис ќе ротира секој петок во Галичник од Здравствен дом - Ростуше, во периодот од 9 до 14 часот, во една од просториите во Вила Доста - додаваат од Министерството.
Досега жителите од Галичник за преглед се упатуваа во Гостивар и во Маврово.