X
 20.12.2016 Живот

Девојче од Британија има решение за „замолчувањето“ на Биг Бен

На веста дека најпознатиот часовник во светот, лондонскиот Биг Бен, ќе престане да работи поради реновирање, едно осумгодишно девојче преку писмо ја понуди својата помош.

 

ббс


Имено, таа вели дека секој ден ќе извикува „Бонг“ на микрофон на Четвртата програма на Радио Би-Би-Си кое со ѕвонењето на овој часовник два пати дневно, ги најавува вестите.

Неколку дена откако таа испрати писмо до Би-Би-Си, девојчето Фиби Хансон доби одговор од уредничката редакција дека нејзиниот предлог бил даден на оние кои донесуваат одлуки. Од редакцијата додаваат дека задачата за извикување „бонг“ би започнала наредната година, но би можела да биде доста тешка за неа.

„Дррага госпоѓице Хансон, благодариме за писмото и имагинативната идеја што да направиме кога Биг Бен ќе „замолчи“ на почетокот на наредната година поради поправка. Некои од најпаметните и најважните луѓе во Би-Би-Си се прашуваа што ќе прават“, пишува во писмото.

„Како што знаете, директно ги пренесуваме „бонговите“ и почетокот на ѕвонењето, меѓутоа ова за вас би било претешко. Задачата вие да викате „Бонг“ би била преголема за вас: секој ден би морале да брзате од училиште (и во текот на викендот), да одите дома, да се напиете попладневен час, да ја напишите домашната работа и да одморите, па после да се враќате назад во нашите канцеларии, бидејќи „Бонг“ повторно ќе се пренесува пред вестите на полноќ. Ова е многу работа за некој толку млад“, пишува уредникот на Четвртата програма на Радио Би-Би-Си, Роџер Сојер.

Таткото на девојчето, Џон Хансон, кој на Фејсбук го објави писмото, напиша дека Фиби била изненадена кога добила одговор од Би-Би-Си и е толку горда што писмото го однела на училишта за да го покаже на сите.

Кога Биг Бен претходно „замолчил“ поради поправка, Би-Би-Си наместо ѕвонењето, секоја вечер емитувал кратки снимки од пеење на птици, што им се допадна на слушателите, меѓутоа оваа идеја им била украдена, така што повеќе нема да го повторат пеењето на птиците.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот