X
 12.05.2022 Здравје

Северна Кореја го регистрирала првиот официјален случај на ковид-19

Северна Кореја го регистрирала првиот официјален случај на ковид-19, според државните медиуми.

Не е јасно колку случаи биле регистрирани, но државната медиумска агенција КЦНА известила дека лицата заразени со сојот омикрон биле во главниот град Пјонгјанг, пренесува Си-ен-ен.

Биле земени примероци од повеќе луѓе што имале покачена телесна температура на 8 мај. Овие примероци биле позитивни на ковид-19.

Претходно Северна Кореја официјално не регистрирала заразени лица со ковид-19, иако многумина се сомневаа дека тоа е точно.


Фото: Pixabay

Лидерот на државата, Ким Џонг-ун, наредил изолација на жителите во сите градови и дистрибуција на медицински производи кои се чувале во резервите во случај на појавување на болеста.

Границите на Северна Кореја биле затворени од јануари 2020 година за да се спречи ширење на коронавирусот во земјата. Државата, исто така, официјално нема увезено вакцини против коронавирусот, иако биле планирани дози за земјата преку системот Ковакс.

Извор: CNN
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје