Фотограф облечен во камуфлажна облека успеал да снимил серија фотографии од борба на лисици за храна и територија.
Вил Паркинсон вели дека многу години се криел во грмушките чекајќи да се појави дивиот свет во неговата земја, Велика Британија. Но, трпението и напорната работа се исплатиле кога успеал да направи неверојатни фотографии од лисици во борба.
- Локацијата што ја посетувам е позната по интензивните борби меѓу популацијата на лисици бидејќи се борат за храна и територијална доминација. Во јуни и јули присуството на младенчињата ги засилува овие борби, бидејќи тие се обидуваат да ја украдат храната од другите лисици-родители - вели тој.
Паркинсон вели дека луѓето се во шок кога ги гледаат бруталните слики од лисиците, но нагласува дека изгледаат полошо отколку што навистина е.
- Важно е да се знае дека таквите борби се нормална појава меѓу лисиците и тие обично излегуваат неповредени од борбата - вели тој.
Извор:
Petapixel.com
Фото:
Will Parkinson/Instagram