Од (20 декември) во книжарниците на ТРИ започна Зимскиот фестивал на книгата, книжевна манифестација која веќе десет години ја носи најквалитетната понуда во градот.
Мотивот на годишниов фестивал е магијата на читањето – магија што се крие во книгите, меѓу нивните страници, ликови и места што нè носат на незаборавни патувања. Магија во која уживаме и која со радост ја пренесуваме.
Во периодот од 20 декември до 31 јануари книжарниците на ТРИ ќе бидат местата што ќе понудат многу нови возбудливи и актуелни изданија од домашната и светската продукција, како и секогаш по пристапни цени. Ќе бидат промовирани нови книги од Ишигуро, Уелбек, Коелјо, Патрик Нес, Али Смит, Мураками, а ќе се организираат и средби со најпопуларните македонски автори во моментов – Коста Петров, Весна Петрушевска, Илина Ведран и многу други.
Секој што ќе го посети ТРИ во тој период ќе има премиерна можност да ги погледне најновите наслови што ќе бидат промовирани континуирано во текот на фестивалските денови, да ги искористи големите попусти на сите изданија на македонски и англиски јазик и да го пронајде највпечатливиот подарок меѓу големиот број специјални новогодишни комплети кои ќе го заведат и најпребирливиот читател.
Разгледајте го фестивалскиот
каталог со сите книжевни новитети.
Читај и пренеси ја магијата на другите!