X
 23.12.2016 Живот

На кој начин нацистите ја одзеле човечноста во луѓето?

Кога науката, исто како и религијата, ќе се најде во рацете на моќните луѓе, таа може да стане многу опасно средство за постигнување цели спротивни на човечноста и почитувањето на поединецот и неговата индивидуалност.

 

2


Веројатно најпознатиот пример за одземање на човечноста на ниво на една голема заедница е нацистичка Германија: тука е ширењето на омраза кон неариевските етнички групи и сите личности кои отстапуваат од претпоставениот „совршен човек“ поддржано со псевдонаучни аргументи дека луѓето навистина може да се поделат на помалку или повеќе вредни.

Најзастрашувачкиот пример за злоупотреба на името на науката секако е еугеника - учење за чистотата на расата и социо поволниот „биолошки материјал“, како и управувањето со него. Нечовечните експерименти кои нацистите се обидувале да ги оправдаат користејќи ја оваа псевдонаучна теорија веројатно надминува се' што забележила човечката историја. Затоа најозогласените примери припаѓаат на биолошкиот и медицинскиот домен, додека областа на науката која се занимавала со човечката психа во текот на периодот на трањето на Третиот рајх, во некоја мера е помалку позната за јавноста.

Подготвеност за жртвување и страдање

Германија во 19 век ја создаде првата лабораторија за експериментална психологија - ја основа Вилхелм Вунд во Лајпци во 1879 година. До 1931 година дури 35% од психолошката литература, потекнувала од Германија. Холистичката и гешталт психологијата, развиени во текот на траењето на Вајмарската Република, чии претставници биле Вертхајмер, Кругер и Келер, биле претставени од страна на режимот како основен коцепт на германската психологија.

Принципот гешталт кој вели дека целината повеќе од збирот на нејзините делови, бил искористен за да се објасни врската меѓу поединецот и семејството, односно нацијата - приматот е на колективот, а не на поединецот.  

Кругер, нешто подоцна своите холистички гледишта започнал да ги применува на теоријата за расите, и со текот на времето неговата терминологија се' повеќе била политичка: фразите како што се „семејството како единица на општеството“, „лидерството и следбениците“, „колективна солидарност“, „подготвеност на жртва и патење поради колективно добро“, укажувале дека станал близок со националните социјалисти. Откако тие ја презеле власта во 1933 година, многу теории на Кругер биле преземени ако база на нацистичката идеологија.


Истовремено со растењето на нацизмот во Германија и после анексијата на Австрија, многу универзитетски професори беа протерани од нивните функции,а голем број формирани психоаналитичари, психијатри и психолози од еврејско потекло ја напуштиле земјата поради загрозена безбедност. Од земјите под нацистички режим, вклучувајќи ја и Полска, емигрирале Сигмунд Фројд, Курт Левин, Вилхелм Рајх, Хелен Дојчс, Макс Вертхајмер, Алфред Адлер, Елза Брунсвик, Бруно Бетелхајм, Ерик Ериксон, Вилијам Штерн, Ерих Фром, Хајнц Истовремено со растењето на нацизмот во Германија и после анексијата на Австрија, многу универзитетски профеКохут и други. Хитлер бил предупредуван дека прогонувањето на Евреите драстично ќе го уназади развојот на науката во Германија, но тој изјавувал: „Земјата некое време ќе биде без наука“.

Неврологот и психијатар Виктор Франкл останал во родната Австрија, продолжувајќи да се занимава со практична работа во областа на менталното здравје, а дури и во заробеништво, прво во гетото, а потоа и во концентрационите логори Аушвиц и Дахау, како затвореник продолжувал со психотерапијата. Фрнакл го преживеал Холокаустот и токму преку искуството на страдање развил таканаречена логотерапија, пристап кој се темели на потрагата по смислата на животот.

И покрај бројот на научни трудови во минатото, за време на подемот на нацизмот во периодот меѓу 1931 и 1933 година, бројот на германски публикации во областа на психологијата бил намален на само 16% од вкупниот глобален број, а земјата го изгубила угледот што го имала во минатото.

Нацистичката влада извршила директно влијание така што формирала германска психотераписка асоцијација формирана со цел да го поништи влијанието на претходните мислители од еврејско потекло - нацистите психотерапевтските школи ги нарекувале „еврејска професија“. Празните работни места на факултетите започнале да ги исполнуваат психолози и психијатри кои се насочиле кон нацистичката филозофија за една совршена раса.

Еден од псхиолозите чии стручни размислувања се потпирале на антисемитски идеологии бил и Ерих Јенш: тој измислил теорија за типлогија на личност која ја поддржувала идејата за „инфериорност на еврејската класа“. Според него, „еврејската личност“ е интелектуално цврста и недоволно интегрирана: во истражување од 1935 година Јенш навел дека „Евреите можа да се дефинираат како метафори за хаосот“, додека „моќта е во ариевската раса“.

Општо земено, расата, нацијата, народот, заедницата и генетиката станале главни поими на психолошките фактори - со тоа се појавиле многу психолошки дисциплини: социјална психологија, развојна психологија, педагошка психологија и психологија на личноста.

Генетиката и правилата за наследување биле примарен принцип околу кој се ориентирала психијатријата во нацизмот, како оправдување за ликвидација или одземање на можностите за репродукција. Психијатријата на пренацистичка Германија делувала во две насоки: превенција и лекување на пациентите.

Во 1933 година, неколку месеци откако Хитлер станал канцелар, бил усвоен законот за превенција на генетски болно потомство. Заболените од наследни болести биле сметани за шизофреничари, алкохоличари, престапници, слепи, глуви. Во текот на оваа година присилно биле стерилизирани преку 56.000 пациенти. За брзо време стерилизацијата премина на убивање, за да се обезбеди простор за повредените во војната. Тогаш, личниот доктор на Хитлер, Карл Брант, предвидел програма за третман на ментално заболените личности, кои на крајот завршиле во гасни комори или употреба на смртоносна инјекција или пак едноставно игнорирање на потребите на пациентите како и нивно гладување.

Психијатарот Алфред Хох, кој бил главниот поборник за концептот на еугеника во областа на психијатријата, го измислил терминот „ebensunwerten Lebens“ (недостоен живот), кој меѓу другото, се однесувало и на ментално болните. Хох сметал дека тие се терет за заедницата и поради тоа треба да бидат евтанизирани. Може да се каже дека Хох ја поставил основата за она што подоцна станува познато како Холокауст. Една од темите со кои се занимавале психолозите и психијатрите на Третиот рајх била и хомосексуалноста: тие сметале дека е патолошка состојба, која е стекната, а не вродена, така што човек треба да биде соодветно третиран и „излекуван“.

Еден од застапниците  на теоријата за хомосексуалците како сериозна закана за германското општество бил и психијатарот Емил Крепелин, кој ја поддржувал еугениката како „решавање на проблемот“ на хомосексуалноста.

Апстрактноста и двосмисленоста на науката во земјите во развој, каква што беше психологијата на триесеттите години на минатиот век, ја направија соодветно средство за ширење на идеологијата. Експлоатирани на многу нивоа, психијатријата и психологијата во нацизмот далеку повеќе ја злоупотребувале својата цел и ги прекршиле етичките кодекси, но такви примери, секако највпечатливо ја осветлуваат можноста неетички да ги искористат начелата на науката.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот