Обично откривањето остатоци од стари градови и населби вклучува големи ископувања. Но, одреден период научниците работат на наоѓање нови и помалку деструктивни начини за добивање информации за старите градови.
Научниците од Универзитетот „Кембриџ“ и Универзитетот „Гент“ користеле радар за да направат детална мапа од Фалерии Нови, римски град кој постоел од околу 241 година пр.н.е. до 700 година и сега е закопан длабоко под земја. Откритијата на научниците биле објавени минатата недела во „Антиквити“.
Речиси два метра под земјата, на оддалеченост од 64 километри од Рим, научниците откриле остатоци од домови, комплекс бањи, пазар, јавни згради, храмови и споменици кои се користеле од жителите на древниот град.
Радарот функционира на тој начин што испраќа сигнали и ги анализира, така откривајќи предмети кои не може да се видат со голо око. Различните материјали имаат различни фреквенции во однос на почвата околу нив и со помош на радарот може да се детектираат остатоци од градби според видот на материјалот.
На овој начин археолозите може да добијат прецизна слика од згради или цевки што биле користени во градот. Класичното ископување може да трае со години, а истражувањето со радар може да се спроведе за неколку месеци.
Научниците се надеваат дека ќе продолжат да работат на локацијата, но планираат да ја применат истата технологија и за други римски градови.
Автор: Сара Кајли Вотсон
Извор:
popsci.com
Фото: Pixabay