Откопувањето на парчиња од прастарите времиња е искуство од кое запира срцето и кое не е толку често, а овој прекрасен римски мозаик кој не ја видел светлината на денот којзнае колку долго дефинитивно предизвикува такво чувство.
Италијанските археолози открија прекрасен римски под со мозаик во регионот Валполичела во Верона. Локалните медиуми пренесоа дека мозаиците датираат од првиот век и биле пронајдени во одлична состојба.
Фотографиите од овој настан беа поставени на „Твитер“ од страна на историчарот Мико Клеланд.
Тој напиша дека мозаиците биле откриени под лозје во Неграр ди Валполичела, општина која се наоѓа околу 12 километри северозападно од Верона.
Локалните медиуми пренесуваат и дека прво биле најдени докази за римска вила која била лоцирана таму пред повеќе од еден век. По неколкугодишни истражувања, конечно бил откриен подот со добро зачуваните плочки во лозјето во северна Италија.
Очигледно, ископувачите го откриле мозаикот по неколку децении неуспечни обиди. Техничарите и археолозите сѐ уште копаат на местото за целосно да ја откријат старата градба.
Како следен чекор, истражувачите ќе соработуваат со сопствениците и општината за да ги најдат најсоодветните начини за правење на ова археолошко богатство достапно.
Според локалните медиуми, на техничарите ќе им требаат значителни ресурси за да го разоткријат целиот простор. Сепак, локалните власти ќе помогнат колку што можат за да го направат ископувањето можно.
Извор и насловна фотографија:
Interesting Engineering