X
 03.12.2020 Живот

Град на Балканот прогласен за рај за пензионерите: Сочувана природа и ниски цени

Угледната германска веб-страница „Фокус“ го стави босанскиот град Требиње на листата со топ-10 светски градови за живот во пензионерските денови.

Оценувајќи повеќе параметри, веб-страницата како втор најдобар избор на пензионерите им го нуди токму градот Требиње.

Пријатната клима, убавината на градот, сочуваната природа, здравата храна и ниските цени се само некои од причините поради кои Требиње се најде на самиот врв на светската топ-листа со најдобри градови за живот по 60-тата година, по изборот на веб-страницата.

Германците математички ги оценувале параметрите што влијаат врз квалитетот на живот и од максимални 100 бода на Требиње му дале 80,8 бода и високото второ место.

Ова не е случајно ако се земе предвид дека градот има одлична клима и местоположба, добра сообраќајна поврзаност, ниски цени во однос на пензиите, како и здрава храна и сочувана природа.

trebinje
Фото: Wikipedia

На 10. место се најде и хрватскиот град Осиек со 75,1 поени. Како што објаснува „Фокус“, градот е меѓу првите десет поради добро развиениот јавен транспорт, ниската стапка на криминал и воопшто не е загаден.
Еве ги првите 10.

10. Осиек, Хрватска - 75,1 поени
9. Сорокаба, Бразил - 76 поени
8. Куенка, Еквадор - 76,2 поени
7. Росарио, Аргентина - 76,3 поени
6. Цингтао, Кина - 77,1 поен
5. Тернопил, Украина - 77,9 поени
4. Мангалор, Индија - 78 поени
3. Бурса, Турција - 78,4 поени
2. Требиње, Босна и Херцеговина - 80,8 поени
1. Батуми, Грузија - 83,2 поени

Извор: B92.net | Focus.de
Фото: Gotrebinje.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот