X
 16.01.2023 Економија

Освен вињетите, во Австрија се поскапени и други патарини

Во Австрија оваа година поскапија вињетите, но тие не се единствената работа што е поскапа. Поскапо е и возењето на одредени делови од автопати.

Патарината за едно возење по автопатот „Бренер“ (Brenner) е поскапено за 50 центи, на 11 евра, од 1 јануари. За 50 центи е поскапено и возењето на „Тауернаутобан“ (Tauernautobahn), кое сега чини 13,50 евра, како и на „Глајналм“ (Gleinalm), кое чини 10,50 евра, тунелот „Босрук“ (Bosruck) - 6,50 евра и тунелот „Алберг“ (Arlberg) - 11,50 евра.

За користење на автопатот „Караванкенаутобан“ кон јужниот дел од државата се наплаќа 7,80 евра, односно 20 центи повеќе. Цените се однесуваат на возила со вкупна тежина до 3,5 тони.

Австриската годишна вињета за 2023 чини 96,40 евра (2,60 евра повеќе од претходната година), двомесечната е 29 евра (80 центи повеќе), а десетдневната чини 9,90 евра (30 центи повеќе).

Мотоциклистите плаќаат 38,20 евра за годишна вињета (1 евро повеќе од минатата година), 14,50 евра за двомесечна (40 центи повеќе), а 5,80 евра за десетдневна (20 центи повеќе).

Извор: Fenix magazin
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија