X
 16.02.2017 Забава

Добар трик за добро ментално здравје

Влегов во нејзината соба и прво што забележав беше таа смешна табела во која таа ги боеше полињата и ја запишуваше состојбата на својот дух, едноставно кажано, за секој поминат ден.Тоа ми беше многу смешно, сè додека не ми објасни.

Сите ние понекогаш сме тажни, суетни, весели, еуфорични, без некое логично објаснување се клацкаме меѓу различни чувства и емоции кои нè обземаат и всушност комплетно влијаат врз нашиот ден. На крајот и врз целиот наш живот, па затоа треба подобро да научиме како да се „носиме“ со своите емоционални рингишпили и да се разбереме самите себе, да спознаеме колку често се чувствуваме „добро“ а колку – не.

Затоа е навистина паметно да ги следиме нашите емоционални состојби за да си помогнеме себеси.
По објавувањето на оваа смешна табела на Твитер, се јавија многу луѓе кои одлучиле да го применат овој „трик“ и да ги следат своите емоции.


И навистина – оваа самоспознавачка активност воопшто не одзема време, а може многу да придонесе за менталното здравје на секој поединец. Треба само да се обојат мини квадратчиња во табелата. На крајот на денот додека ги миете забите пред спиење, зошто да не?
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава