Прекрасно уметничко дело со ширина од над 160 метри неодамна било создадено на терен за голф.
Станува збор за таканаречен мандала-дизајн, геометриска конфигурација на симболи што се сметаат за свети во будистичките и хинду-традициите. Делото било создадено од Јане Пуко, ИТ-консултант со помош на 11 волонтери.
Делото е во градот Еспо, вториот најголем фински град, и е направено со помош на чевли за снег наречени дрезги, во период од два дена.
Одењето по снег со помош на дрезги е еден вид активност што се прави во длабок снег. Се претпоставува дека потекнува од Централна Азија кога трговците со крзно, стапици и друго пешачеле во длабокиот снег.
Пуко објаснува дека го создал дизајнот дигитално, со цел да создаде нешто убаво. Вели дека било предизвик да им се објасни процесот на љубителите на ваквите зимски чевли и одењето во длабок снег, но на крајот сите се забавувале.
- Поминавме три часа смеејќи се и
пешачејќи - вели волонтерката Елена Секарели. Таа помогнала да се создаде цртежот на снегот на температура од -10 Целзиусови степени.
- Беше тешко да се разбере како ќе изгледа уметноста - вели Петри Тералаинен, друг волонтер.
Пуко испечатила детални цртежи за секој волонтер, упатувајќи ги како да го нацртаат својот дизајн на теренот за голф.
Извор:
Euronews.com
Фото: Screenshot/YouTube