X
 18.08.2020 Живот

Дали е ова најудобната Н95 маска?

Веќе помина половина од 2020 година. Средината на август одбележува 6 месеци откако светот почна да го забележува вирусот, а додека првите неколку недели/месеци карантин беа хаос, 6 месеци да се биде дома и да се биде неверојатно внимателен ни даде доволно разбирање за тоа како ќе биде во иднина.
А маските за лице речиси сигурно ќе бидат дел од иднината. Не само обичните маски, туку подобри, посанитарни, за повеќекратна употреба, ефективни и удобни. Маски за лице дизајнирани за потрошувачите, а не медицински и индустриски маски направени за различни ситуации.

Маската „Пјурми“ не е обична Н95 маска. Таа е дизајнирана да биде Н95 маска за лице што можете да ја носите в џеб, да ја носите со часови, да дишите безбедно и повторно да ја користите со месеци, ако не и со години.

Формата и материјалот се инспирирани од силиконските респираторни маски што медицинскиот персонал ги користи за кислород кај луѓето. Силиконската конструкција на „Пјурми“ ѝ овозможува лесно да одговара на сите типови лице, бидејќи нејзината мека структура одговара на сите линии на лицето, создавајќи воздушно „запечатување“, додека се чувствувате доволно удобно да ја носите со часови. Силиконскиот дизајн ја прави маската лесна за употреба, лесна за дезинфицирање, а заменливите филтри ѝ овозможуваат да трае со години.

Маската доаѓа со два вентили за воздух - филтрирање на воздухот што го вдишувате преку еден вентил, а воздухот што го издишувате преку другиот. Филтрите фаќаат секаков вид штетни честички, како што се ПМ2.5 и алергени, а можете и да ги надградите на П100 филтри со едноставна замена, што ќе ви овозможи ефикасно филтрирање на 99,8 отсто од честичките. Маската доаѓа со флексибилен дизајн, благодарение на силиконската конструкција.


Извор: Yankodesign.com
Фото: PurME
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот