Уметници претворија серија цементни силоси во најголемиот музеј на отворено во светот.
Шпанскиот уметник Окуда Сан Мигел првпат почнал со сликање мурали на структурите како средство за разубавување на регионот на Сиудад Реал.
Како што Мигел продолжувал да ја зајакнува својата
уметничка мисија, тој се здружил со организација што обезбедува работа на локалното население со пречки во учењето и посебни потреби. По соработката со групата, Мигел помогнал во сликање на 10 различни силоси низ регионот со прекрасни уметнички дела.
Неговиот тим сега работи на трансформација на ентериерите во силосите во „универзална црква за сите: сите религии, сите полови и сите раси“.
Фото: Screenshot/YouTube