X
 08.05.2020 Живот

Компанија со срце: „Подравка“ донира пакети со производи за Институтот за белодробни заболувања кај децата - Козле

Вчера претставниците на менаџментот на компанијата „Подравка“ заедно со амбасадорката на Р. Хрватска во Р. Северна Македонија, Нивес Тигањ, донираа пакети со прехранбени производи за деца од 0 до 18-годишна возраст кои престојуваат во ЈЗУ Институт за белодробни заболувања во Козле, како и за болничкиот персонал што се грижи за нив.



Како општествено одговорна компанија, „Подравка“ води грижа првенствено за најмладите, за кои смета дека се нашата иднина, со желба да им помогне кога помошта им е најпотребна токму преку ваков тип хуманитарни иницијативи.




- И покрај вонредните услови во кои живее регионот и светот, „Подравка“ се труди да помогне онаму каде што е најпотребно. Денеска ќе се обидеме да им украдеме насмевка на децата што се лекуваат во ЈЗУ Институт за белодробни заболувања Козле, во Скопје. Во име на сите вработени во „Подравка“ даруваме едно големо срце за побрзо оздравување на децата и нивно враќање во нормалниот живот - истакнa Игор Мањиќ, директор на компанијата „Подравка“ во Р. Северна Македонија.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот