Околу 9 од 10 тинејџери во Обединетото Кралство имаат антитела на коронавирусот, покажува ново истражување.
Процентите за тинејџерите на возраст од 12 до 15 години се 88 отсто за Велс, над 91,7 отсто за Шкотска, 90,09 отсто за Англија и 90,7 отсто за Северна Ирска.
Присуството на антитела на коронавирусот е знак дека личноста била во контакт со вирусот, дека била заразена со него или примила вакцина. На телото му се потребни две или три недели по заразувањето или вакцинирањето да произведе доволно количество антитела за успешно да се бори со вирусот. Потоа, антителата остануваат во крвта во одреден број, но со текот на времето може да се намалат до ниво да не бидат детектирани со тестирање.
Фото: Pixabay
Бројот за процентите на млади со антитела доаѓа од британската агенција за статистика, а се темели на примероци од крв земени на почетокот од јануари годинава. Големото присуство на антитела кај тинејџерите го докажува присуството на коронавирусот помеѓу младите во последните месеци, но и влијанието на програмата за вакцинирање. Во оваа земја може да се вакцинираат млади на возраст од 12 до 15 години од септември.
Имунолошкиот систем и ефективноста на вакцината зависат од многу фактори, меѓу кои и здравствениот статус и возраста. Објавени се процени и за присуство на антитела на коронавирусот кај децата од 8 до 11 години. Процентите се пониски во овие групи и се движат од 37,9 отсто во Северна Ирска, 60,1 отсто во Шкотска, 58,8 отсто во Англија и 53,3 отсто во Велс.
Се смета дека мал број деца помали од 12 години се вакцинирани бидејќи Заедничкиот одбор за вакцинирање и имунизација препорачал вакцинирање само на деца од 5 до 11 години кои се во ранливи групи.
Извор:
Moj Faks
Фото: Pixabay