Јули носи некои од најочекуваните филмови на годината. Месецот започнува со најновиот дел од хорор-франшизата „Подмолно“, наречен „Подмолно: Црвената врата“. Една недела подоцна се среќаваме со Итан Хант во најновиот дел на „Невозможна мисија“, а потоа следуваат „Барби“ и „Опенхајмер“.
Без оглед дали сте љубител на комедија, акција, хорор или драма, јули има по нешто за секого.
„Подмолно: Црвената врата“ (англ. Insidious: The Red Door) - 7 јули
Дејството на петтиот и последен дел од серијата „Insidious“ се случува 10 години по последниот филм. Семејството Ламберт мора за последен пат да се соочи со мрачното минато на своето семејство и со демоните зад црвената врата.
Филмот го режира Патрик Вилсон, кој исто така ја повторува неговата улога во филмот, а продукцијата е во рацете на реномираната „Блумхаус продакшнс“. Покрај Вилсон, во филмот играат и Роуз Брн, Тај Симпкинс и Хиам Абас.
„Невозможна мисија: Мртво пресметување 1 дел“ (англ. Mission Impossible: Dead Reckoning Part One) - 13 јули
Седмиот дел од франшизата „Невозможна мисија“ нè подготвува за збогум со Итан Хант. Овој пат Итан и неговиот тим се соочуваат со нивната најопасна мисија, мора да најдат опасно ново оружје кое може да го уништи целиот свет, пред да падне во погрешни раце.
Филмот е во режија на Кристофер Мекуари во соработка со продуцентската куќа „Парамаунт пикчрс“. Главните улоги ги толкуваат Том Круз, Хејли Атвел, Винг Рејмс, Сајмон Пег и Ребека Фергусон.
„Барби“ - 20 јули
Најновиот филм на Грета Гервиг ја следи кукла Барби која оди во животна авантура со Кен, откако е исфрлена од светот на Барби бидејќи не е доволно совршена.
Многумина предвидуваат дека Барби ќе биде најголемиот хит оваа година, а „Варнер брос“ се обидува да се погрижи за тоа преку многу промотивни материјали и маркетинг-кампањи. Главните улоги ги толкуваат Маргот Роби и Рајан Гослинг, а во актерската екипа се и Америка Ферера, Кејт Мекинон, Мајкл Сера, Вил Ферел и Ема Меки.
„Опенхајмер“ (англ. Oppenheimer) - 20 јули
Првиот биографски филм на Кристофер Нолан го следи Џ. Роберт Опенхајмер, кој се обидува да изгради атомска бомба со тим од научници. Главните улоги ги толкуваат Силијан Марфи, Емили Блант, Мет Дејмон, Роберт Дауни Џуниор, Кенет Брана и Флоренс Пју.
„Пајажина“ (англ. Cobweb) - 20 јули
Хоророт на Семјуел Бодин го следи осумгодишниот Питер кој е прогонуван од мистериозно тропање во ѕидот, за што неговите родители се обидуваат да го убедат дека е неговата имагинација. Како што расте неговиот страв, Питер почнува да се сомнева дека неговите родители кријат опасна, мрачна тајна. Главните улоги ги толкуваат Лизи Каплан, Вуди Норман, Клеопатра Колман и Ентони Стар.
„Проколната палата“ (англ. Haunted Mansion) - 27 јули
Во хорор-комедијата на Џастин Симиен, сопственичка на една палата и нејзиниот син изнајмуваат серија експерти за да ги истераат духовите од нивниот дом. Во главните улоги се Лакит Стенфилд, Тифани Хадиш, Овен Вилсон, Дени Де Вито, Росарио Досон, Џејми Ли Кертис и Џаред Лето.
Извор:
Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube