Истражувачи тврдат дека првпат успеале да извршат одржлива квантна телепортација на големо растојание. Истражувањето би можело да претставува основа за таканаречениот одржлив квантен интернет, што би претставувало мрежа во која информациите складирани во квантни битови ќе се пренесуваат на големи растојанија. Ова би можело да го смени начинот на чување податоци и пресметување.
Научниците од „Фермилаб“, во сопственост на министерството за енергетика на САД, Универзитетот на Калгари и други партнери успеале да телепортираат квантни битови фотони преку влакна долги 44 километри. Процесот не вклучува телепортирање какво што повеќето луѓе си
замислуваат.
Квантната телепортација е пренесување на квантни состојби од една на друга локација преку квантно заплеткување. Информацијата се пренесува помеѓу двете „заплеткани“ честички без разлика на нивната оддалеченост. Научниците се надеваат дека на овој начин ќе може да создадат мрежа од квантни компјутери кои ќе споделуваат информации со неверојатна брзина.
Еден од најголемите предизвици е одржувањето на стабилноста на протокот на информации на големи растојанија. Претходно, научниците успеале да пренесат квантни информации на оддалеченост од само 6 километри.
Автор: Виктор Тангерман
Извор:
futurism.com