X
 16.04.2023 Живот

Една од најевтините земји во светот лансира дигитална номадска виза

Колумбија официјално ја лансира својата дигитална номадска виза и таа е најпристапниот избор на земја за дигиталните номади кои бараат прифатливо место за живеење.

Оваа јужноамериканска земја долго време е популарен центар за дигитални номади и иселеници, кои ги привлекуваат енергичната култура, разновидните пејзажи и ниските трошоци за живот.

Колумбија сега стана дел од земјите што лансираа дигитални номадски визи специјално дизајнирани за работниците на далечина, како и претприемачите кои сакаат долгорочно да живеат во странство.

Еве што треба да знаете за новата дигитална номадска виза на Колумбија:

Дигиталната номадска виза на Колумбија ќе им овозможи на успешните апликанти да живеат во земјата до две години. Само Американците можат да останат во Колумбија 90 дена без виза. Тие можат да продолжат уште 90 дена, за вкупно 180 дена во една година.

Визата е идеална за сите што сакаат да живеат повеќе од шест месеци од годината во Колумбија.

За да аплицираат, кандидатите треба да обезбедат доказ за вработување од нивната земја каде што имаат државјанство (или доказ за самовработување) и да покажат заработка од најмалку 655 долари месечно. Исто така, кандидатите треба да покажат доказ дека имаат здравствено осигурување.

Ова ја прави колумбиската дигитална виза една од најлесните за аплицирање, со оглед на разумните барања за приход.

Визата е достапна за граѓаните со валиден пасош од земјите кои се ослободени од виза за краток престој за Колумбија.

Зошто треба да се одлучите за Колумбија?


Колумбија е фантастична дестинација за дигиталните номади.

Земјата напорно работеше за да добие статус на безбедна земја. Богота, Меделин, Кали, Картагена и Санта Марта се совршени за дигиталните номади кои сакаат да уживаат во одличен начин на живот и да ја истражуваат земјата во слободно време.

Извор: Traveloffpath.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот