Американската вселенска агенција ги исполнила сите задачи потребни за лансирање на ракетата СЛС во рамките на мисијата „Артемис I“, откако успешно го направила клучниот тест со горивото.
НАСА морала да тестира додавање на суперизладено гориво во резервоарите на ракетата за да потврди дека поправките го решиле проблемот поради кој се откажа нејзиното лансирање на крајот од август. Било забележано постојано течење на водород од едниот довод на гориво на ракетата, а НАСА се обидела да го реши проблемот повеќепати пред да го одложи лансирањето. Научниците го идентификувале и решиле проблемот, а последниот тест бил успешен.
Директорот на лансирањето на мисијата, Чарли Блеквел-Томпсон, изјавил дека тестот поминал навистина добро, а тимот ги исполнил сите цели. НАСА сега ќе ги анализира податоците пред да донесе одлука за лансирање на ракетата.
Според сегашниот план, ракетата треба да биде лансирана на 27 септември. Ракетата СЛС треба да ја лансира вселенската сонда „Орион“ кон Месечината.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Twitter