X
 06.06.2022 Здравје

Како влијае студената вода врз нашиот организам и кој не треба да ја пие?

И покрај добрите својства на водата, пиењето студена вода може да му направи стрес на организмот, да предизвика респираторни тешкотии и да го отежне исфрлањето на слузта

Студената вода е најчесто консумирана напивка во светот. Околу 79 отсто од луѓето низ светот користат студена вода во топлите денови. Сепак, се смета дека и покрај добрите страни, студената вода има и некои недостатоци - дополнително го слабее веќе ослабениот имунолошки систем, ги стеснува крвните садови, агресивно влијае врз чувствителната глеѓ на забите.

Како дејствува студената вода врз организмот?

Студената вода секогаш има подобар вкус бидејќи ниската температура може да го замаскира лошиот вкус. И покрај добрите својства на водата, консумацијата на студената вода може да му направи стрес на организмот, да предизвика респираторни тешкотии и да го отежне исфрлањето на слузта. Пиењето студена вода може да предизвика главоболка, настинка, проблеми со желудникот и со голтањето на храната...

Желудочните контракции и студената вода

Студија од 2001 година во Шведска покажала дека 7,6 отсто од жените имале симптоми на главоболка по консумација на 150 милилитри студена вода. Некои студии наведуваат дека водата со температура од 2 степена, по 10 минути ги намалува желудочните контракции.

Ахалазија е состојба која се карактеризира со тешкотии во преминувањето на храната од хранопроводот во стомакот. Се смета дека консумацијата на студената вода може да ги влоши симптомите на ахалазија, како што се отежнато голтање и болки во градите.

Ослабување на имунолошкиот систем

Пиењето студена вода може да го ослаби имунолошкиот систем и да ја намали можноста телото да се избори со бактериите и вирусите. Пиењето студена вода влијае врз забите, крвниот притисок, грлото, респираторниот систем, нервите, стомакот, дигестивниот и имунолошкиот систем.

Чувствителноста на забите на студена вода често е последица на оштетување на глеѓта или жлебините, по агресивно миење на забите, таложење на плак, кариес - кога чувствителноста на забите на студени или топли пијалаци е поголема.

Намалување на бројот на отчукувања на срцето

Во некои истражувања се тврди дека студената вода може да го намали бројот на отчукувања на срцето. Консумацијата на студена вода по 22 минути доведува до покачување на крвниот притисок. Нема доволно студии кои го проучувале влијанието на студената вода врз крвниот притисок, но некои истражувања посочуваат дека студената вода ги стеснува крвните садови, го спречува дотокот на крв во екстремитетите и доведува до покачување на крвниот притисок. Има наоди кои тврдат дека консумацијата на 300 милилитри вода со температура од 4 степени, за 22 минути кај здравите лица условува пораст на дијастолниот крвен притисок за 3 mmHg.

Дијастолниот крвен притисок се поврзува со зголемен ризик од срцеви заболувања. На лицата што донирале крв им се советува по интервенцијата да пијат вода за да го зголемат крвниот притисок и да спречат можна несвестица. Има и студии во кои се истакнува дека студената вода или водата со собна температура би можела да го зголеми и регулира нискиот крвен притисок.

Кој не треба да пие студена вода?

Постарите лица и бебињата не би требало да пијат студена вода бидејќи се верува дека нивниот имунолошки систем може побурно да реагира на неа.

Извор: eklinika
Фотографија: Pixabay

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје