Маж со дијагноза на психопатија открил врз кои луѓе најлесно може да се влијае и да се манипулира. 25-годишниот Лоик де Мари од Белгија тврди дека знаел да ги препознае таквите луѓе само со еден поглед.
- Психопатите имаат прилично добар инстинкт за тоа кого можат да го манипулираат - вели тој при гостувањето во емисијата „Mинетс вит“ на веб-страницата „Ледбајбл“. Според него, најлесни мети најчесто се луѓе што се несигурни, одат со наведната глава или зборуваат многу срамежливо.
- Склон сум да барам одреден тип девојки без татко, депресивни девојки, девојки кои се многу емпатични. Нашиот мозок е поинаку поврзан, па повеќе нè привлекуваат допаминот и резултатот. Ако таргетирате послаба личност, многу брзо го добивате тоа што го сакате - вели Лоик, додавајќи дека денес не се гордее со тоа.
Со текот на времето научил да ги маскира своите емоции. Вели дека станал многу шармантен и навидум многу емпатичен, што му помагало во манипулацијата со другите.
- Кај манипулацијата се работи само за една работа, мора да добиете нешто. А за да добиете нешто, треба да стекнете доверба од другата личност. Толку е едноставно - вели тој.
Лоик тврди дека голема улога има и физичкиот изглед, особено насмевката.
Од 2023 година, кога почнал со терапија, вели дека неговиот живот целосно се променил и тврди дека денес се обидува да биде што е можно поискрен, иако признава дека поради неговите поранешни изјави, луѓето потешко му веруваат.
И покрај сè, Лоик вели дека никогаш не би се променил.
- Имав прекрасен живот, дури и во минатото, и не жалам за ништо - заклучува тој.
Извор:
Index.hr
Фото: Pixabay