Терминот „психопат“ често се злоупотребува во секојдневниот говор, а всушност означува личност која покажува силно асоцијално однесување, екстремна немилосрдност, недостиг на каење и употреба на измама и манипулација за постигнување на посакуваната цел.
Одредени експерти сметаат дека психопатијата е вродена, а не стекната ментална болест. Науката открива на што треба да внимавате.
1. Помалку се проѕеваат
Сигурно знаете за феноменот на проѕевањето и неговата заразност, па така кога вие ќе почнете да се проѕевате, и тој до вас се проѕева.
Имено, оваа појава е поврзана со емпатијата, главната особина која психопатите ја немаат во својата личност.
Истражување од 2015 година, спроведено од Универзитетот „Бејлор“ во Тексас, ги разгледало особините на личноста на 135 студенти, вклучувајќи ладнокрвност, бунтовничка неусогласеност и егоцентричност и открило дека ладнокрвните субјекти „се спротивставуваат“ на повторување на шемата на проѕевање.
2. Чудни модели на спиење
Контролната листа на психопатски особини вклучува и позитивни аспекти на личноста како што се харизма, шарм, креативност и продуктивност.
Но, токму ваквата креативност често ги прави инсомничари, оневозможувајќи им ја способноста да имаат здрав сон.
Истражување спроведено меѓу 263 анкетирани студенти покажало дека луѓето кои имаат тенденција да останат будни покажале антисоцијални особини на личноста како нарцизам, макијавелизам (способност да се манипулира) и психопатски тенденции.
3. Говор на телото
Научниците откриле дека оние со психопатски склоности не ја мрдаат главата толку многу за време на говорот.
Истражување ги анализирало главите на 507 затвореници за време на снимени разговори и открило дека оние со тешко и упорно асоцијално однесување биле поригидни од другите.
Ова било интересно откритие бидејќи уште во 900 година пр.н.е. било откриено дека луѓето кои искрено зборуваат имаат тенденција да ги движат главите, да трепкаат и да се нервираат за време на интеракцијата.
Статичната положба на главата би можела да биде намерна тактика што ја користат оние со психопатски особини за да развијат чувство на доверба и смиреност кај соговорникот.
Извор:
Telegraf.rs
Фото: Freepik