Забрзаното губење на биолошката разновидност и зголемената стапка на исчезнување на видовите е голема закана за екосистемите во светот. А, сепак, квантифицирањето на тие загуби во голем обем не е можно, најмногу поради недостиг на потребната инфраструктура. Една нова студија може да ја промени играта.
Во студијата се покажува дека таквите информации веќе може да се најдат во форма на еколошка ДНК, која со децении ненамерно се собира во филтрите од илјадници станици за следење на квалитетот на воздухот низ светот. Мрежите на станици за мерење на воздухот кои постојат со децении може да се користат за набљудување на биолошката разновидност преку примероците што ги собираат.
- Постојните и воспоставени мрежи за квалитет на воздухот се потенцијално огромен неискористен извор на податоци за биолошката разновидност. Овие мрежи постојано земаат примероци од честички и сега имаме можност да го искористиме ова на сосема нов начин - изјавил Ендру Браун, истражувач од Националната физичка лабораторија во Тедингтон, Обединетото Кралство.
Претходни истражувања покажале дека може да се идентификуваат животински видови во зоолошка градина со примерок од воздухот во зоолошката градина.
Во новата студија, група научници тестирале примероци од ДНК во воздухот собрани од станиците за следење на квалитетот на воздухот. Тие откриле примероци од ДНК од над 180 различни растенија, габи, инсекти, цицачи, птици и други животински групи. Во филтрите на станиците имало ДНК од дури 34 вида птици. Научниците заклучиле дека овие станици ненамерно собирале голем број податоци за биолошка разновидност со години.
Извор:
Science daily
Насловна фотографија: Freepik