Според најново истражување, издвоени се најстресните градови за 2024 година. Параметрите на истражувањето се поврзани со квалитетот на животот, загадувањето, безбедноста, начинот на живот, како и навиките поврзани со стресот, дебелината, алкохолот и пушењето.
Според споменатите критериуми, направена е листа од десет града во светот кои се најстресни за живеење.
На прво место се најде Атина, главниот град на Грција. Ниското ниво на сигурност и прекумерното уживање во алкохол и храна доведуваат до стрес. Околу 31 отсто од атињаните се активни пушачи, што е највисоко во Европа.
На второ место е Манила на Филипините, каде што стресот е оценет со 95,15, што е предуслов за лош квалитет на живот. Покрај тоа, тој е најзагадениот град на планетата.
Каиро во Египет беше рангиран на третото место со индекс на загаденост од 90,81. Жителите на Каиро речиси не пијат алкохол, пијат околу 0,14 литри годишно по човек. Тоа е околу 75 пати помалку од атињаните.
На четврто место е Сао Пауло, каде што нивото на стрес е оценето со 91,26, можеби затоа што е небезбедно. Околу 13 отсто се пушачи.
Петтиот град е Будимпешта, главниот град на Унгарија, каде што консумирањето алкохол и дебелината се речиси исто толку високи како и во Атина. Нивото на стрес доби оцена од 90,02.
Рио де Жанеиро во Бразил е најнебезбедниот град во светот, загадувањето е просечно, а пушачи има малку.
Мумбај во Индија беше рангиран на седмото место со низок квалитет на живот и висока загаденост.
Следуваат Делхи во Индија, Лос Анџелес во САД и Бангалор во Индија.