Според ведското знаење, стресот е неопходна животна лекција која е неизбежна на патот на секој човек. Во спротивно тој не би се развивал и не би дошол до мудрост.
Стресот е резултат на давање преголемо значење на нешто за што тоа воопшто не е потребно, или според ведското знаење, човековиот престој во илузијата дека среќата се наоѓа во објектите од надворешниот свет, а не внатре во него. Задачата на стресот е да го „спаси“ од овие илузии. За да се надмине истиот, потребно е да се разбере ова и да се промени личниот систем на вредности со помош на различни техники.
Фази на стресот
1. Криза – кога човекот се обидува да промени нешто во животот и има голема потреба за љубов.
2. Шок – ова доаѓа по трауматични настани како смрт или разделби, а човекот се чувствува беспомошен и не знае што да прави.
3. Негација – ова се случува кога се негира фактот дека одредена ситуација предизвикала стрес со обиди да се побегне од реалноста и да се заборави, што понатаму резултира и со губење на самопочит. Дури и ако ситуацијата се подобри (на пример, саканото лице се врати) се појавува следната фаза.
4. Агресија – бунт против светот и лутење.
5. Негативност – Човекот е долго време заробен во негативни емоции, критикува, бара вина, иницира кавги и му се чини дека сѐ е лошо.
6. Чувство на вина – самопочитта се намалува, човекот се чувствува како губитник и нема чувство за сопственото достоинство.
7. Паника.
8. Депресија.
9. Излегување од депресија – човекот почнува да се прашува како понатаму да живее и да излегува на ново ниво на развој, стигнува до нова подлабока смисла на животот и поинаку ги разбира нештата.
10. Прифаќање на стресот – промена во животот, се појавуваат нови можности и развој.
Ако стресот е со послаб интензитет може да успеете да го надминете и самостојно, но во спротивно, треба да побарате помош од семејството, пријателите и стручни лица.
Како да се однесувате со човек што е во стресна состојба?
Ако Ваш близок човек доживува стрес не треба да му зборувате дека не е во право, затоа што освен што тоа ќе му влијае на расположението, ќе влијае и на односот меѓу вас. Потребно е да преземете мерки за да се смири и да го поддржувате, а ако е возможно ненаметливо обидете се да му помогнете да размисли за својот систем на вредности и да се ја смени перцепцијата за среќа.
Стресот најчесто не може да се заобиколи и тоа од една страна е добро затоа што ќе Ви помогне повеќе да се грижите за квалитетот на Вашиот живот. Единствено, треба правилно да се однесувате со него, а кога ќе го надминете ќе прејдете на ново ниво на духовен развој.