X
 20.09.2020 Живот

Убавите спомени како метод за намалување на стресот

Ова се стресни и тешки времиња. Сите го чувствуваме влијанието на пандемијата. 

Експертите предупредуваат дека одбегнувањето на проблемите може да придонесе за зголемување на анксиозноста, а препорачуваат соочување со стравовите наместо бегање од нив. Во овие времиња законот за спротивностите предвидува движење кон позитивните и убави страни. Убавината дејствува терапевтски и се наоѓа во нашиот свесен и несвесен ум.


Фото: Freepik

Велат дека минатото всушност не е минато. Секогаш може да го живеете минатиот момент. Можете ли да се сетите на време кога сте биле опкружени со убав пејзаж, сте уживале во звуци на оркестар или сте биле воодушевени од прекрасна уметност? Обидете се да го живеете тој момент повторно. Доколку ова не ви доаѓа природно, еве како може да почнете.

1. Затворете ги очите и вдишете длабоко четири пати.

2. Со затворени очи сетете се на нешто убаво од минатото.

3. Обидете се да си го замислите, односно да гледате на него како во моментот кога ви се случило. Слушнете што сте слушале и чувствувајте што сте чувствувале тогаш.

4. Задржете ја сликата додека не почне да бледнее и потоа отворете ги очите.


Фото: Pixabay

Нашите искуства се вкоренети во она што го гледаме, слушаме, вкусуваме, мирисаме и чувствуваме. Организмот ќе реагира исто кога повторно ќе ги стимулирате истите сетила што сте ги искористиле за време на некој момент.

Вежбата погоре може да се практикува и со дополнителен чекор. Откако ќе го замислите минатиот момент со затворени очи, притиснете го врвот на показалецот на врвот од палецот на доминантната рака додека се обидувате да се сетите на споменот. Не разделувајте ги прстите додека не исчезне споменот. Повторете го ова трипати, а вежбата правете ја два до три пати дневно.

Автор: Синтија Баум-Бејкер
Извор: psychologytoday.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот