X
 08.01.2020 Живот

Пред и потоа - фотографиите покажуваат што сѐ уништија пожарите на австралискиот остров Кенгуру

Фотографиите пред и потоа направени во Австралија ги откриваат последиците од пожарите на островот Кенгуру.

На 3 јануари островот бил зафатен од пожар кој уништил повеќе од 50 куќи. Во пожарот загинале две лица и повеќе од 20.000 коали.

pozar
Фото: Getty Images


Повеќе од 160.000 хектари од островот беа уништени од пожарот, а некогаш бујниот, зелен национален парк Флиндерс Чејс сега е целосно уништен.

Фотографиите покажуваат колку штета предизвика пожарот на прекрасниот остров, во споредба со фотографиите направени од Арон Колман во 2017 година.

Неговите фотографии покажуваат долг пат со живописно зеленило што се протега во далечината пред да исчезне меѓу дрвјата.




1

2

Освен што беа уништени домови, пожарите уништија и огромен и луксузен хотел од милион долари, лоциран на островот. Фотографиите од веб-страницата на хотелот ја прикажуваат градбата, но фотографиите направени од австралиските медиуми покажуваат дека пожарот целосно го уништил.

Сопствениците на хотелот, Џејмс и Хејли Бејли, велат дека иако е рано да се каже кога хотелот повторно ќе биде отворен, планираат да го обноват и да придонесат во економското и социјалното закрепнување на пошироката заедница на островот.

Пожарникарите продолжуваат неуморно да работат, но ветровите можат повторно да го разгорат пламенот.

Марк Џонс, главен службеник во противпожарната служба во Јужна Австрија, вели дека 135 пожарникари остануваат на теренот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот