X
 12.05.2018 Технологија

„Епл“ брише апликации што ја кажуваат вашата локација

Од „Епл“ почнаа да ги отстрануваат апликациите од „App Store“ што не се во согласност со политиката за користење на податоци за локацијата на корисникот. Сѐ уште не се знае колку точно се исфрлени. На удар се апликациите што ја споделуваат вашата локација со трета страна без вие да знаете.

Според упатствата на „App Store“, апликациите не смеат да ги споделуваат податоците за локацијата на корисниците без согласност на корисниците или за неодобрени цели.

На авторите на спорните апликации од „Епл“ им се испратени предупредувања, а од компанијата нагласија и дека развојните програмери се должни да се ослободат од спорниот код, од СДК (software development kit) или од другите софтверски компоненти пред повторно да ја пријават својата апликација за вметнување во каталогот на „App Store“.

Фото: Pixabay

Исфрлените апликации не им објаснуваат на корисниците што точно се случува со нивните податоци на примерен начин. Не е доволно само да се побара дозвола за користење бидејќи во „Епл“ сакаат да се соопшти и како ќе бидат користени и со кого ќе бидат споделени.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија