X
 16.09.2021 Живот

Калкулатор проценува колкав е ризикот да се заразите со коронавирусот

Бидејќи делта-сојот ги менува оние активности што ги сметавме за безбедни и небезбедни, новата онлајн-алатка наречена „Проект МикроКОВИД“ се обидува да ги измери ризиците што се развиваат.

Моделот проценува дадено сценарио (да речеме вакцинирано лице што јаде во затворен ресторан со пријателите) и проценува колкав ризик има од заразување со коронавирусот.

- Ви дава еден вид заедничко поле за разбирање на сите видови активности - вели Бен Шаја, соработник во проектот.

Проектот почнал откако пријателите и семејството на Шаја сакале да видат колку безбедносните мерки ги штитат, па затоа презеле научен пристап во донесувањето одлуки.

Група пријатели создале математички модел кој се базира на најновите истражувања за маските, ефикасноста на вакцината, тековните случаи во секоја област и друго пред да го преточат во нумеричка вредност. Тие го започнале проектот во мај 2020 година за нивна сопствена употреба и во рок од неколку месеци создале верзија за јавноста. Веб-страницата вклучува две алатки: калкулатор и следач на ризик. Калкулаторот е дизајниран да им даде на корисниците идеја за ризикот од еден настан или сценарио, додека „следачот“ на ризик ги пресметува активностите на една личност за да создаде севкупна оцена за ризик што може да се сподели со другите.

Групата одлучи да го измери ризикот во единицата што ја нарекоа микроКОВИД: 1:1.000.000 шанса да се зарази со коронавирус.

За да го користите калкулаторот, треба да изберете различни сценарија, како што се присуство на забава или средба со пријател на вечера, и треба да внесете детали за тоа каква маска носите, дали сте целосно вакцинирани, дали сте внатре или надвор. Процената скока помеѓу скалите на ризичност со кодирани бои. На пример, целосно вакцинирано лице во Менхетн, што носи маска Н95, може да има ризик од околу 4 микроКОВИД доколку отиде на пазарење намирници еден час. Во стандардниот буџет на моделот од 200 микроКОВИД неделно, ова се смета за активност со „низок ризик“. Друг жител на Менхетн во истото сценарио, но кој е невакциниран и без маска, би имал ризик поблиску до 80 микроКОВИД.

Исто така, можете да создадете сопствено сценарио, на пример, присуство на свадба на отворено каде што има околу 100 гости со различен статус на вакцинација. Бидејќи луѓето ќе јадат и ќе пијат, никој нема да носи маска и нема да одржуваат физичка дистанца околу пет часа. Во ова сценарио ризикот на лицето е околу 3.000 микроКОВИД или „опасно висок ризик“. Ако сите фактори останат исти, но лицето е целосно вакцинирано, процентниот ризик од инфекција паѓа на „многу висок ризик“ од 500 микроКОВИД.

Калкулаторот можете да го пробате ТУКА.


Извор: Smithsonianmag.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот