X
 11.08.2019 Наука

Подморници кои би можеле да помогнат во повторното замрзнување на Арктикот

Тим индонезиски иноватори имаат план како да се справат со топењето на мразот на Арктикот - со создавање уште мраз.

За да се направи тоа, тие предлагаат изградба на подморници кои би можеле да служат како џиновски создавачи на мраз во океанот, иако експертите предупредуваат дека подморниците може да предизвикаат повеќе штета отколку што ќе бидат добри.

Дизајнерите направиле анимирано видео за да покажат како би функционирала нивната подморница и на прв поглед сето ова изгледа кул.

Најпрвин подморницата потонува под водата за да може да се наполни шестоаголниот базен. Машина за десалинизација ја отстранува солта од водата и потоа следи процесот на замрзнување.

На крајот подморницата повторно се спушта под вода за да го испушти шестоаголниот ледник. Процесот може да се повторува и да се создадат цели ледени површини.


Иако Марк Сeрeзе, директор на Националниот центар за податоци за снег и мраз при Универзитетот во Колорадо, смета дека идејата е многу интересна, тој сепак мисли дека создавањето на загубениот мраз би било привремено решение за проблемот со климатските промени.

Исто така, она што е полошо е и што подморниците може да ја влошат состојбата ако користат фосилни горива. Серезе смета дека она што навистина треба да го направиме е да се справиме со емисиите на стакленички гасови.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука