X
 30.08.2017 Култура

Пронајдена колекција од 150 писма од криптографот Алан Тјуринг

колекција
Фото: Handout

Изгубена колекција од речиси 150 писма од криптографот Алан Тјуринг е откриена во еден стар кабинет за документи на Универзитетот во Манчестер.

Писмата, кои биле изгубени најмалку 30 години, содржат ситни детали за личниот живот на Тјуринг, меѓутоа, даваат интригантен увид во неговите ставови поврзани со Америка.

Како одговор на поканата да зборува на конференција во Америка во април 1953 година, Тјуринг одговорил дека нема да присуствува: „Не би го сакал патувањето, и ја презирам Америка“.

Писмото, испратено до Доналд Мекеј, физичар на Кралскиот колеџ во Лондон, не дава понатамошно објаснување за мислењето на Тјуринг за Америка. Овие погледи не се наоѓаат ниту во преостанатите 147 писма најдени претходно оваа година.

Кореспонденцијата, која датира од почетокот на 1949 година до смртта на Тјуринг во 1954 година, била пронајдена случајно кога еден академик го расчистувал стариот кабинет во магацин на Универзитетот во Манчестер. Тјуринг бил заменик-директор на компјутерската лабораторија на универзитетот во 1948 година, после неговото херојско дешифрирање на „Енигма“ во паркот Блечли.

Тјуринг бил визионерски математичар и денес се смета за татко на информатиката и вештачката интелегенција, кој го дешифрирал кодот на „Енигма“ во Втората светска војна. Подоцна бил осуден за неприлично однесување, а починал на возраст од 41 година од труење со цијанид. Постхумно бил помилуван од кралицата во 2013 година.

Професорот Џим Мајлс од универзитетското училиште за компјутерски науки вели дека е изненаден од пронаоѓањето на документите.

„Без изненаден што такво нешто останало скриено од очите на јавноста толку долго време. Никој што работел во училиштето или универзитетот не знаел дека постојат. Ова е навистина возбудливо откритие и е вистинска мистерија што документите биле во архива“, вели тој.

Колекцијата главно се фокусира на академските истражувања на Тјуринг, вклучувајќи ја и неговата работа во полето на вештачката интелигенција, компјутерите и математиката, како и поканите за предавање на некои од најпознатите универзитети во Америка, вклучувајќи го Институтот за технологија во Масачусетс.

Колекцијата содржи и писмо од GCHQ, за кого Тјуринг работел за време на војната, во кое од математичарот се бара да обезбеди фотографија од себе за официјалната историја на Бетчли паркот, која ја составувал американскиот криптограф Вилијам Фридман.

Колекцијата содржи и рачен нацрт од програма на Би-би-си за вештачката интелигенција под наслов „Дали машините можат да размислуваат?“

„Ова е навистина уникатно откритие. Архивскиот материјал што се однесува на Тјуринг е исклучително редок, па затоа некои од неговите академски кореспонденции се добредојдени и важен додаток на нашата колекција. Нема писма од членовите на семејството на Тјуринг.

Писмата го потврдуваат она што е веќе познато за работата на Тјуринг во Манчестер, но тие додаваат дополнителна димензија на нашето разбирање за него и за неговите истражувања“, вели Питерс.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура