Експертите и истражувањата се согласуваат - компаниите денес се' повеќе и повеќе се заинтересирани за личноста на човекот кога вработуваат. Додека резимеата и важното искуство беа доста важни во минатото, кандидатите денес мораат да го покажат вистинскиот став и правилните вештини.
Постојат неколку карактеристики кои работодавците треба да ги бараат во своите потенцијални работници.
1. Исклучителни комуникациски вештини
„Комуникациските вештини“ често пати може да бидат погрешно сфатени и обично се мисли на личност која е екстроверт или која е добра во држење говори. И додека вештините за јавно говорење се одлична способност, способноста за јасна комуникација со другите е многу подлабока.
Срцето на исклучителните комуникациски вештини е способноста да се биде проактивен и јасен во врска со потребите, ажурирањата и промените.
2. Решавање на проблеми
Без разлика на тоа колку е стар работникот, тој треба да знае да решава проблеми. Способноста се разложува на три способности:
- Разложување на проблемот и негова анализа;
- Одлучување кои информации и извори се неопходни;
- Барање помош за одржување на овие ресурси кога е потребно.
3. Срце за лидерство
Не се само менаџерите тие кои треба да знаат како да го решат проблемот, како да ги искористат добро ресурсите и како да покажат скромна самодоверба. Овие видови на фундаментални лидерски способности, кои можат да се развијат со стекнувањето на искуство, треба да бидат присутни кај секоја личност што ќе ја
вработите.