X
 16.12.2021 Забава

Кијану Ривс открива за што размислувал на познатата фотографија што кружи на интернет

За една недела новото продолжение на филмот „Матрикс“ ќе има премиера во кината, а Кијану Ривс сѐ почесто е во медиумите. Сепак, не дека е потребна преголема причина за да се биде во центарот на интересот, па дури и кога нема филм за промоција тој е таму, дури и како шега или меме.

Пред неколку години една од најпознатите и најпопуларни фотографии на мрежата стана „Тажен Кијану“. На неа познатиот актер седи на клупа, јаде сендвич и не изгледа многу среќен. Целата работа брзо стана интернет-меме кое луѓето го поставија за да покажат како се чувствуваат кога ќе „им потонат сите бродови“.

1

Секако, интернетот не застана тука, па го монтира во различни ситуации.

Но, при гостувањето во „Лејт шоу вит Стивен Колберт“, Кијану Ривс открива што всушност се случило на таа слика, односно зошто бил толку тажен. На разочарување на сите што мислеа дека тој минува низ некои невидени проблеми и депресии, Кијану дава сосема едноставен одговор.



- Бев гладен! Гледате дека јадам сендвич - вели актерот. Размислував за некои работи што ми се случуваа, но генерално бев гладен.

Значи, Кијану не беше толку тажен како што мислеа сите, туку размислувал дали требало да земе два наместо еден сендвич.

Извор: Noizz.rs
Фото: 9gag
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава