X
 16.12.2021 Живот

Зелени трамвајски станици чии растенија пуштаат музика

Две трамвајски станици во Будимпешта, на десниот брег на Дунав, станаа зелени. Тие се покриени со богата вегетација, се состојат од зелени клупи, а растенијата создаваат музика.

Патниците што го чекаат трамвајот на овие станици, освен што се наоѓаат во природна средина среде град, можат да ги слушаат и уникатните звуци што се создадени од вибрациите на растенијата, а кои ги снимиле електромагнетни сензори. Тие се трансформираат во податоци, а потоа во музичка мелодија. Трите композиции потсетуваат на звуците на природата, дождот, треперењето на лисјата или нишањето на гранките, а се создадени со клавијатури и перкусии.

stanica
Фото: E.ON

-  Долго време живееме поинаку отколку што сме навикнати, па мислиме дека е важно да воведеме забава или да обезбедиме неочекувана убавина и на тој начин да им предизвикаме насмевка на лицата на луѓето - изјави енергетскиот гигант „Е.ОН“.

Мелодијата на растенијата можете да ја слушнете на овој линк.

Извор: Baustela.hr
Фото: ACG | E.ON
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот