X
 03.01.2017 Наука

Ќе откријат ли конечно научниците зошто исчезнале Маите?

Со векови научниците расправаат за причините на падот и пропаста на една од најмоќните цивилизации.

Џиновски пирамиди, стотици куќи. Сето тоа некогаш било обележје на културата на Маите, древна цивилизација на подрачјето на денешна Америка. Шпанските освојувачи во 16 век биле одлучни во намераат да го покорат целиот нов свет, но кога дошле таму, виделе дека џунглата ги прекрила сите трагови на некогаш моќните Маи.


Маите успевале да пружаат отпор и на европските освојувачи, но тоа било само бледа сенка на некогаш моќната цивилизација која броела дури два милиони жители. Се претпоставува дека Маите доживеале кулминација на своето постоење некаде во седмиот век на новата ера, но потоа од непознати причини потполно исчезнале.

Два века археолошки истражувања во џунглата на средна Америка резултирале само со мал увид во површината на мајанските мистерии. Се знае дека Маите биле врвни интелектуалци и уште тогаш биле запознаени со математиката и астрономијата. Тие науки ги споиле и на тој начин ги изградиле пирамидите и храмовите кои прецизно го покажувале движењето на планетите и ѕвездите. Освен тоа, го користеле и едниственото забележано писмо во тој регион.

Меѓутоа, средината на деветиот век на новата ера носи катастрофален пад на цивилизацијата. И по неколку децении проучувања, археолозите не се сигурни зошто Маите исчезнале. Досегашните истражувања покажале дека Маите уживале во невиден раст помеѓу третиот и деветиот век и истовремено бележеле поволни количини на дожд. Истите археолошки записи покажуваат дека на почетокот на деветтиот век забележан е период на долготрајни и чести суши. Таквите периоди траели и со децении. Откако истражувачите за прв пат ги откриле овие периоди, ги интересирало како се поклопуваат сушните периоди и падот на цивилизацијата. Научниците имале причинско-последичен став, а имале дури и докази, не само теории. Иако поголемиот дел од мајанските градови делумно или потполно исчезнале, некои градови не исчезнале. Поголемиот дел од пропажањето на градовите се случило во јужните мајански територии, каде што се денешно Белизе и Гватемала. Посеверно од таму, мајанските градови започнале да растат, па научниците се прашувале, како е можно југот да е уништен од суша, а северот да се развива?

Се појавувале различни теории, но неодамнешните истражувања можеби конечно ќе ја расветлат дилемата. Имено, во едно истражување стои дека и на северниот дел од мајанските градови дошло до значително опаѓање на бројот на жители. Истражувачите најмногу морале да се потпрат на датирањето на радиоактивниот јаглероден диоксид и записите во камењата, зошто шпанските освојувачи ги уништиле сите мајански книги. Научниците откриле дека дошло до 70-птоцентно опаѓање на бројот на календарски записи во втората половина на деветтиот век. Некои други докази покажуваат дека дошло и до значајно намалување на бројот на градби, што покажува дека  северните делови исто така имале последици од сушата. Сепак, тоа не се нови информации.

Археолозите веќе подолго време знаат дека северот преживеал, а Чичен Ица е доказ за тоа. Она што е откриено и што е можеби последен дел од сложувалката е новоткриениот сушен период во текот на 11 век. Како што опишуваат истражувачите : „Тоа било мегасуша. Таков сушен период, регионот не искусил 2 илјади години.“

По вториот бран на суша, Маите не можеле да се опорават.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука