Фотографот Масимо Руми поминал месец дена во истражување на Иран за да го открие начинот на кој науката и математиката стојат зад најубавите ирански
муслимански градби. Откако го прочитал написот за користењето на определени пропорции и геометријата во персиската архитектура, Руми одлучил да отпатува од Италија за Иран и сам да открие повеќе за тоа.
„Бев фасциниран од духовноста и мудроста кои се кријат зад сето тоа. Написот говореше за користење на специјални пропорции кои можат да се најдат во природата, а кои се пренесени врз градбите“, објаснува тој, зборувајќи за тоа како ја донел одлуката да замине во Иран.
Руми тргнал на пат во ноември минатата година и планирал да остане десет дена во Иран, но како што вели, благодарејќи на пријателски настроеното локално население, останал подолго.