X
 04.01.2017 Живот

Кина го пушти во сообраќај првиот товарен воз до Лондон

Кина ја започна новата година со пуштање на првиот товарен воз, односно првата железничка линија од источната провинција Жеџијанг до Лондон, пренесува новинската агенција „Xinhua“.


воз

Возот на линијата која ќе тргне од кинескиот град Јиву ќе поминува над 12.000 километри за 18 дена, додека не стигне до својата дестинација. На ова патување ќе поминува низ Казахстан, Русија, Белорусија, Полска, Германија, Белгија и Франција, а крајна дестинација е Лондон.

Иницијативата Лондон да стане „влезна порта“ на Запад за кинеските инвестиции беше покрената од страна на поранешниот британски премиер Дејвид Камерон односно има за цел да се зајакнат трговските врски меѓу Велика Британија и Кина со стоки како облека и чанти. 
Save
Подготвил: Светлана Петковска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот