X
 09.12.2022 Здравје

Научници открија зошто луѓето повеќе настинуваат во зима

Група истражувачи конечно открија зошто луѓето почесто настинуваат во текот на зимата. Според ново истражување, постои врска помеѓу пониските температури и ослабениот имунолошки систем.

Истражувачите открија дека пад од неколку степени во температурата може да убие речиси 50 отсто од клетките што се борат со бактериите и вирусите во носот.

- Студениот воздух се поврзува со повеќе вирусни инфекции бидејќи практично сте изгубиле половина од вашиот имунитет само со паѓањето на температурата - изјавил Бенхамин Блејер, еден од авторите на истражувањето.

Истражувачите открија дека падот на температурата негативно влијае врз екстрацелуларните везикули, кои се специфични мали клетки кои не се способни за поделба како обичните клетки, а може да штитат од респираторни вируси и бактерии во носот.

Еден начин на заштита на овие клетки е носењето маска на ниски температури, според истражувачите.

Сепак, научниците посочуваат дека истражувањето било направено со помош на човечко ткиво во лабораторија, што значи дека резултатите можеби нема да бидат потврдени во реалноста.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје