Без инсулински инекции, без зависност од неговото редовно вбризгување, без мерење на висината на гликоза, без опасност од сериозни компликации. Тоа е сон на милиони болни од целиот свет кои страдаат од дијабетис, болест која со текот на времето предизвикува изумирање на ќелиите на панкреасот.
Тие во нормални околности кај здрав човек, создаваат во телото хормон инсулин. Научниците од клиничка и инструментална медицина успеале тој процес да го спречат. Нашле механизам со кој е можно претходно да се програмираат ќелиите кои ги создаваат ензимите за варење, и да произведуваат инсулин. Пациентите болни од дијабетис тип 1 вака добиваат надеж дека може потполно да се излечат. Тим научници од
IKEM, по проектот на доктор Томаш Коблаш, а на чело со доктор Франтишек Саудек со ова интензивно се занимаваат веќе две години.
„Ова истражување отвара нови можности во областа на молекуларното лечење на дијабетесот, кои почиваат на користење на сопствени ќелии на пациентите и нивните безбедни промени во желиите кои создаваат инсулин со помош на користење на синтетички медијаторни РНА. Оваа постапка е многу сигурна. До сега слични истражувања за претходно програмирање на ќелии користеле вируси како носачи, но тие се многу проблематични и можат да доведат до канцероген процес. Нашата метода е безбедна, се користи единствено сопствен механизам во тело, чии ќелии не можат да се оштетат. На почетокот сме на тестирањето на ќелиите“, објаснува доктор Коблас.
За неколку месеци, како што најави Коблас, ќе почне тестирање на животните. Кај првите пациенти, според неговите зборови, овој метод на лечење, доколку се оди по најидеално сценарио, може да се примени во нередните пет години.
Доколку сето ова се примени, периодот помеѓу апликацијата на специфичните фактори во ќелиите на панкреасот и оздравување на пациентите би траел само две недели.
Промената на ќелиите е релативно брза - во краток рок можат да почнат да создаваат инсулини, дури и да го пронајдат најблискиот пат како да се ослободи тој хормон. Новите промени на бета ќелиите се покажува како наше истражување, се однесуваат потполно исто како кај здравиот човек, произведуваат точно толку инсулин колку што во телото е потребно, во зависност од јадењето и телесниот став.
Доктор Коблас добил значајно меѓународно признание за ова истражување, која ја доделуваат Новартис за иновации во областа на биомедицината.