X
 20.01.2017 Живот

Оваа седмица, Шведска ќе има 10 милиони жители


Луѓе се истоваруваат од авион

Оваа седмица, населението во Шведска ќе ја достигне цифрата од 10 милиони жители, што претставува раст побрз од очекуваниот, пренесува „Anadolu Agency“.

Според последните официјални податоци, бројот на населението ќе достигне 10 милиони.

Агенцијата за статистика на Шведска во 2010 година предвидуваше оваа скандинавска земја да ја достигне посочената бројка дури во 2021 година.

Сепак, тие соопштија дека бројката ќе биде достигната многу порано заради побрзиот раст на популацијата од очекуваното.

Бројот на жители на Шведска од 2010 до 2015 бележеше раст од четири проценти на годишно ниво, најмногу заради големиот прилив на имигранти и заради повисокиот наталитет.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот