X
 22.08.2022 Живот

Ова ќе бидат најнаселените земји во светот до 2030 година

Индија треба да стане најнаселена земја во светот до крајот на деценијата, според нови процени од Обединетите нации. До 2030 година населението на Индија треба да стигне до 1,515 милијарда луѓе, во споредба со 1,417 милијарда во 2022.

Од друга страна, населението на Кина треба да се намали на 1,416 милијарда од сегашните 1,426 милијарда. Овие две земји ќе бидат значително понаселени од другите. Се очекува до 2030 година светското население да изнесува 8,5 милијарди, а над една третина од сите луѓе на светот ќе живеат во Индија или во Кина.

Во продолжение се десетте земји што треба да бидат најнаселени до 2030, според процените на ОН.

Најнаселени земји во 2030 година

1. Индија
2. Кина
3. САД
4. Индонезија
5. Пакистан
6. Нигерија
7. Бразил
8. Бангладеш
9. Етиопија
10. Русија

Извор: World economic forum
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот