X
 05.11.2024 Живот

Успешна екочистка на Водно со VIVAX - собрани се повеќе од 200 вреќи отпад

Изминатиот викенд го одбележа успешната масовна акција на VIVAX за чистење на Водно. И покрај облачното и ветровито време, 200 учесници го прифатија предизвикот да ги исчистат најпопуларните пешачки патеки до врвот, собирајќи повеќе од 200 вреќи отпад.



Волонтерите и претставниците на Паком компани и брендот VIVAX, во групи предводени од членови на планинарскиот клуб H2O, заедно се искачија до Средно Водно, по што се поделија по најчесто користените патеки до врвот – Цветкова, Олимписка, Пензионерска и Новогодишна.



Од патеките, доловите и ниската вегетација околу нив собрани се пластични шишиња, лименки, кеси, влажни марамчиња, дезодоранси, како и текстилни предмети - маици и капи, кои беа расфрлани покрај дрвјата и под листопадното зеленило. Вреќите со собраниот отпад беа оставени на две локации, од каде што подоцна беа преземени од екипи на Комунална хигиена.
Акцијата заврши со забава пред планинарскиот дом „Даре Џамбаз“, каде што по кратката едукација од професионалните планинари за важноста на одговорното однесување на планината, на присутните им се обрати бренд-менаџерот на VIVAX во Македонија, Саим Јускоски.




- VIVAX како бренд и воедно нашата компанија ПАКОМ компани, од самото основање се активно вклучени во активности за заштита на животната средина. Нашата мисија ја гледаме како нешто многу поголемо од создавањето квалитетни производи – а тоа е промоција и активно учество во грижата за заедницата и за природата што нѐ опкружува.
Низ изминатите години ние сме горди организатори и спонзори на различни иницијативи поврзани со Водно, бидејќи го сметаме за непроценливо богатство од природата кое треба посветено да го чуваме. Токму затоа, целта на овој настан беше не само да се исчистат патеките на Водно, туку и да се подигне јавната свест за тоа колку е важно да ја чуваме околината чиста и здрава. Искрено им благодариме на сите што се приклучија на нашата иницијатива и станаа дел од оваа успешна екоприказна. Ова е само уште еден чекор во насока на она кон кое се стремиме – да поттикнеме поголема одговорност за природата кај сите нас. Со ист ентузијазам како денес ќе продолжиме да дејствуваме и во иднина затоа што она што навистина сакаме да остане запаметено кај луѓето е пораката колку е важно да ја чуваме околината во која живееме - истакна Јускоски во својот говор.




VIVAX со години наназад е активен поддржувач на зачувувањето на Водно, особено преку иницијативите #ИЈасСумНаВодно, кои традиционално се одржуваат секој четврток на врвот од Водно од јуни до октомври.



Овој настан ја означи првата официјална голема акција за чистење на Водно, со рекордна посетеност. Од VIVAX велат дека се надеваат на траен впечаток од ваквите екоиницијативи кои ќе ги поттикнат сите да се грижат за природните убавини што ни го збогатуваат животот.


(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот